ФОТО: Водителката Ирена Спировска на „Прв до врв“ уште еднаш покажа дека годините се само бројка

Instagram
принтскрин инстаграм

Водителката Ирена Спировска која со години ја забавува македонската јавност со своите телевизиски емисии, несомнено важи за една од најубавите жени во нашата држава.

Покрај бројните професионални ангажмани, за неа обожавателите не знаат многу, затоа што Спировска приватниот живот го држи далеку од очите на јавноста. Иако ретко споделува моменти од својот приватен живот, на пријатно изненадување на многумина, овојпат Ирена реши да се пофали со еден нејзин подвиг.

Instagram
Принтскрин / Instagram

Имено, викендов во Скопје по деветти пат се одржа настанот „Прв до врв“ кој го организира здружението за спорт и рекреација од Скопје.

На најмасовното планинско искачување во регинот, организаторите нудат планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим билдинг активности за компаниите.

Instagram
Принтскрин / Instagram

Не е тајна дека нашата позната водителка своето слободно време го користи за уживање во природата, а планините се нејзината најголема љубов. Па не е ни чудо што меѓу учесниците на „Прв до врв“ беше и Спировска која сподели неколку фотографии на својот инстаграм-профил на кои позира со својот партнер Душко на врвот на Водно.

Instagram
Принтскрин / Instagram

Во спортска комбинација и медал околу врат, Ирена позираше во природно издание, без грам шминка. Од фотографиите може да се забележи дека нашата водителка како воопшто да не старее. Спировска воодушевува со својот изглед и уште еднаш покажа дека годините се само бројка.

Но, покрај добрите гени, нејзиниот прекрасен изглед се должи на здравиот начин на живот кој водителката несомнено го практикува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот