ФОТО | Во нејзината утроба носела десет бебиња: Жосиаме Ситол стана мајка на седум момчиња и три девојчиња

Instagram
Instagram

Триесет и седум годишна жена родила десет бебиња, а со тоа постави и светски рекорд, подобрувајќи го претходниот на Халима Сисе од Мароко која родила девет деца во една бременост, пренесува „BBC“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Baby By Lulu & Ju (@babybyluluetju)

Жосиаме Ситол станала мајка на седум момчиња и три девојчиња кои се родени во болница во главниот град на Јужна Африка – Преторија. Лекарите велат дека случајот е вистинска реткост, бидејќи не е резултат на третман со неплодност.

Таа се породила со царски рез, според локалните медиуми, информирани од нејзиниот сопруг Тебохо Цотеци.


–  Жосиаме беше бремена седум месеци и седум дена. Среќен сум и возбуден. Жал ми е, не можам да зборувам многу во моментов, изјавил среќниот татко за медиумите.

Жосиаме за време на бременоста за медиумите изјави дека е „шокирана и фасцинирана“ од фактот дека носи толку многу бебиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tele Real RD (@telerealrd)


Првично се сметаше дека се осум, но тестовите подоцна потврдија дека биле десет бебиња. Бебињата ќе ги поминат следните неколку месеци во инкубатори, бидејќи се со недоволна тежина и лекарите ќе се борат за нивните животи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот