ФОТО: Во мај вакцинација кај Дракула: Лекари со вампирски заби делат бесплатни вакцини

Поверојатно е посетителите кои овој месец престојуваат во замокот на Дракула во Романија да пронајдат траги од убод на раката отколку на вратот, откако здравствените власти отвориле центар за вакцинација против ковид-19 во оваа туристичка атракција.

На туристите кои сакаат да престојуваат во замокот Бран од 14-тиот век, на влашкиот војвода Влад Тепеш, кој му послужил како инспирација на Брем Стокер за романот „Дракула“, медицинскиот персонал со залепени вампирски заби ќе им понуди бесплатни вакцини на „Фајзер“ против ковид-19, пренесува Ројтерс.

Vlad Tepes 002.jpg
Фото: Википедија.мк

Управата на замокот се надева дека со услугата ќе привлече повеќе луѓе на оваа туристичка дестинација во Трансилванија, во околината на градот Брашов, откако бројот на посети нагло опаднал од почетокот на пандемијата.

На бесплатната вакцинација во замокот на Дракула ќе може да се оди без закажување во текот на секој викенд во мај, а посетителите исто така добиваат и бесплатен влез за изложбата со 52 средновековни инструменти за мачење.

Романската влада си поставила цел да вакцинира 10 милиони граѓани до септември, но истражувањето кое во април го објавила организацијата „Глобсек“ покажало дека Романците се најмалку заинтересирани за имунизација од сите источни членки на ЕУ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот