ФОТО | Во Германија мајка осудена на доживотен затвор поради убиството на своите пет деца

Мајка осудена на доживотен затвор
Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH / POOL

Судот во Германија денеска ја прогласи за виновна и ја осуди на доживотен затвор 28-годишната жена поради убиството на своите пет деца во нивниот дом во Солинген во септември 2020 година.

Регионалниот суд во Вупертал во својата пресуда ја потврди посебната тежина на кривичното дело, што ќе оневозможи помилување.

Обвинителите изјавија дека мајката прво им дала лекови на децата за да ги заспијат, а потоа ги задушила. Тие сметаат дека причина за убиството е тоа што нејзиниот поранешен партнер и испратил фотографија со новата девојка, на што таа одговорила дека поради тоа никогаш повеќе нема да ги види своите деца.

Шестото дете го пратила кај бабата и пред убиствата, а потоа се обидела да се самоубие скокајќи под воз, при што се здобила со тешки повреди, но не опасни по живот.

Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH / POOL

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот