ФОТО | Вистинско изненадување: Ријана ќе настапи на полувремето на Супербоул

Фото: EPA/Инстаграм, Ријана

Националната лига во американско рагби – НФЛ објави дека Ријана ќе настапи на полувремето на Супербоул следната 2023 година. Пејачката, чии обожаватели со години го очекуваат следниот нејзин албум, неколку минути претходно на Инстаграм објави сликовито-симболична фотографија од рака којашто држи рагби-топка.

Како потсетување, Ријана беше поканета да настапи на полувремето во 2019 година, но одби во знак на поддршка кон Колин Кеперник, кој се соочи со бурни реакции затоа што клекна за време на националната химна, протестирајќи против полициската бруталност врз Афроамериканците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Настапот на Ријана на полувремето ќе биде нејзин прв поголем настап по 2018 година. Таа нема издадено нов албум од „ANTI“ во 2016 година, а во меѓувреме се занимаваше со мода, шминка и долна облека.

Следниот Супербоул ќе се одигра на 12 февруари 2023 година на стадионот Стејт Фарм.

Минатата година, Еминем, Д-р Дре, Снуп Дог, Мери Џеј Блајџ, Кендрик Ламар и гостинот-изненадување Фифти Сент направија вистински спектакл на сцената, така што Ријана има вистински предизвик пред неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот