ФОТО: Викторија со емотивна порака му го честиташе роденденот на својот син Бруклин

Instagram
Instagram

Викторија Бекам преку својот инстаграм – профил му го честиташе 22-от роденден на својот син Бруклин Бекам, каде објави фотографија од него од детството и истакна колку е горда на него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynbeckham

„Пред 22 години, нашите животи се променија засекогаш. Најљубезна, најубава душа. Неверојатен син, брат и свршеник. Среќен роденден Бруклин. Те сакаме и сме многу горди на тебе затоа што стана добар човек“, напиша Викторија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


Да потсетиме, по повод 21-от роденден на Бруклин минатата година и по повод неговото полнолетство, Викторија и Дејвид Бекам организираа голема, гламурозна прослава, за која, како што истакнуваат странските медиуми, одвоија вистинско мало богатство – дури 115.000 евра .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynbeckham


Прославата беше организирана на семејниот имот на Бекамови, во англискиот Котсволдс. Меѓу гостите имаше бројни познати личности, како Кара Делавин, Елтон Џон и Гај Ричи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот