ФОТО | Викторија Бекам објави фотографија од голиот задник на Дејвид, жените паѓаат во несвест

викторија и дејвид бекам
Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Поранешната членка на „Спајс грлс“ Викторија и славниот фудбалер Дејвид Бекам се во брак 22 години и строго ја чуваат својата интимност од очите на јавноста.

Иако се многу активни на социјалните мрежи, модната дизајнерка води сметка за својот имиџ, а нејзината последна објава изненади голем број нејзини следбеници. Викторија, и покрај тоа што важи за личност која речиси никогаш не можете да ја видите насмеана во јавноста, секогаш ја покажува својата необична смисла за хумор.

Имено, Викторија сподели фотографија од својот сопруг во базен и не би било невообичаено доколку неговиот костим за капење не открие повеќе отколку што треба. Таа го фотографирала Дејвид додека лежи во базен со спуштен шорц.

„Среќна недела, нема на што!“, стои во описот на фотографијата, која собра повеќе од 600.000 лајкови и бројни коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

„Сѐ уште имате време да ја избришеш“, „Инстаграм падна“, „Благодарам за ова“, „Сѐ уште е најзгоден“, се само некои од коментарите што се најдоа под објавата.

Сепак, многумина беа мошне изненадени од оваа фотографија, па се прашуваа дали некој го хакнал профилот на Викторија.

Да потсетиме, Викторија и Дејвид започнаа емоционална врска уште во 1997 година, а се венчаа две години подоцна. Имаат четири деца, синови Бруклин, Ромео, Круз и ќерка Харпер Севен.

Дизајнерката и фудбалерот важат за еден од најзгодните и стилизирани парови во светот на шоу-бизнисот, а иако нивниот брак беше разнишан од многу кризи и наводното неверство на Дејвид, сѐ уште се заедно.

JOŠ UVEK MOŽEŠ DA JE OBRIŠEŠ” Viktorija Bekam objavila fotku obnaženog Dejvida i svi misle da joj je HAKOVAN PROFIL | wanted.rs

Фото: Профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот