ФОТО | Викторија Бекам „изненади“ со новата колекција: Изгледа како некој да истурил супа врз фустанот

Викторија Бекам/Принтскрин/Victoria Beckam.com
Викторија Бекам/Принтскрин/Victoria Beckam.com

Пош Спајсицата Викторија Бекам за кратко време помина пат од пејачка, до модна икона, дизјанерка, па и сопственичка на сопствен бренд. Иако добива доста пофалби за својот изглед, но и за начинот на кој секогаш ги комбинира модните парчиња, сепак овој пат не беше баш така.

Се работи за нејзината последна колекција за пролет/лето 2022, особено еден од фустаните кој ги „засркна“ критичарите и тие беа доста сурови во описот на ова парче.

Се работи за бел фустан со едноставен крој, кој на предниот дел има опшиен дел од сатенска свила во боја на праска, украсен со чипкасти детали. Но, нормално дека тоа не им се чинеше баш привлечно на многумина, па коментираа дека „фустанот изгледа гротескно“, „како некој да истурил супа врз бела основа“.

Викторија Бекам/Принтскрин/Victoria.Beckam
Викторија Бекам/Принтскрин/Victoria.Beckam

Овој фустан е официјално прикачен на страницата на брендот на Викторија и се продава по ценa од речиси 2000 евра.
Модниот бренд на Спајсицата изгледа не е баш во најомилените на пазарот.  Минатата година беше објавено дека од 2008 година, до сега има изгубено преку 54 милиони евра од заработката.

На Викторија очигледно тоа не и е проблем, затоа што Дејвид има богатство проценето преку 450 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот