ФОТО+ВИДЕO | Знаеш дека е опасно надвор кога и „бесмртните“ носат маска: Кралицата Елизабета Втора за прв пат во јавноста со маска

epa-efe
EPA-EFE

Главата на најпознатото кралско семејство во светот, кралицата Елизабета Втора за прв пат се појави во јавноста носејќи маска на лицето. Таа се појави по повод кратката церемонија во Весминстерската капела.

Церемонијата беше одржана на стогодишнината од погработ на непознатиот британски војник кој загинал во Првата светска војна.

Кралицата за ова пригода носела црна маска со бела лента, црно палто и црн шешир, во нејзиниот препознатлив монохроматски стил.

Ова е прво нејзино јавно ангажирање во Лондон од март, кога се прогласи пандемијата од коронавирусот.

Елизабета беше видена во јавност неколку пати, но никогаш не носеше маска, за што беше критикувана. На церемонијата присуствуваа еден свештеник и еден придружник на кралицата.

Сепак, некој од фановите се пошегуваа на сметка на кралицата и започнаа да прават „мемиња“, а ова е најпознатотo:

Инстаграм

„Знаеш дека е опасно надвор кога и бесмртните носат маска“, гласи во описот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот