ФОТО+ВИДЕО: Зградите во пламен, луѓето на улица: Изборите во Киргистан прогласени за неважечки!

Централната изборна комисија (ЦИК) на Киргистан денеска ги прогласи за неважечки резултатите од парламентарните избори одржани во неделата на 4 октомври.

Илјадници демостранти се собраа пред Парламентот за да го искажат своето незадоволство / Киргистан 5-6 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/IGOR KOVALENKO

– Поради бројни неправилности за време на гласањето и во предизборниот период, на состанокот на членовите на Централната изборна комисија беше донесена одлука парламентарните избори да бидат прогласени за неважечки, се вели во соопштението на Комисијата.

Демонстранти протестираат пред Парламентот во Бишкек, Киргистан / 6 октомври 2020 / Фото: EFE/IGOR KOVALENKO

Симпатизерите на неколку партии, кои според првичните резултати од изборите не освоија места во парламентот, синоќа се собраа на централниот плоштад во главниот град Бишкек, тврдејќи дека гласањето било наместено.

Демонстранти упаѓаат во Парламентот / Бишкек, Киргистан / 5 октомври 2020 / Фото: EFE/IGOR KOVALENKO
Бишкек, Киргистан / 5 октомври 2020 / Фото: EFE/IGOR KOVALENKO
Бишкек, Киргистан / 5 октомври 2020 / Фото: EFE/IGOR KOVALENKO
Бишкек, Киргистан / 6 октомври 2020 / Фото: EFE/IGOR KOVALENKO

Демонстрантите, по повеќечасовни судири со полицијата, упаднаа во зградите на парламентот и владата и ги ослободија од затвор поранешниот претседател Алмазбек Атамбаев и премиерот Сапар Исаков.

Демонстрантите упаднаа во Парламентот / Бишкек, Киргистан / 5 октомври 2020 / Фото: EFE/IGOR KOVALENKO

Киргистанскиот опозициски политичар и поранешен висок службеник за безбедност, Курсан Асанов се самопрогласи за вршител на должноста министер за внатрешни работи, а опозициските групи зазедоа неколку други згради, меѓу кои и канцеларијата на градоначалникот на Бишкек и назначија вршител на должност шеф на националната безбедност, државен обвинител и командант на главниот град.

Погледнете како изгледа атмосферата во престполнината на Киргистан последните 24 часа:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот