ФОТО+ВИДЕО | Во Дубаи е отворен највисокиот бесконечен базен во светот кој влезе во Гинисовата книга на рекорди

Instagram

Новоотвореното луксузно одморалиште, во сопственост на „Address Beach Resort and Spa“, во Дубаи, отвори импресивен базен за гости, кој се наоѓа на 77 кат, на скоро 300 метри надморска височина, што е рекордна висина за еден базен, потврдено и во Гинисовата книга на рекорди.

Базенот долг 94,84 метри и широк 16,5 метри, речиси е двојно подолг од олимписки базен, пишува „Си-Ен-Ен“.

Базенот е отворен само за гости на хотелот над 21 година, но исто така можете да уживате во прекрасниот поглед ако резервирате место во „Zeta Seventy Seven“, азиски ресторан, наречен така затоа што, како и базенот, се наоѓа на 77 кат на хотелот.

Но, висината на која е изграден базенот не е единственото нешто што им донесе на своите сопственици да бидат запишани во Гинисов рекорд.

„Address Beach Resort“, заедно со „Address Beach Residence“, е сместен во две кули кои се поврзани во подножјето и со мост на 63-от и 77-от кат.

Во овој дел од кулите, на висина од скоро 300 метри, има луксузни станови и апартмани, што исто така е внесено и во Гинисовата книга на рекорди.

Импресивната зграда, по име „Jumeirah Gate“, беше отворена во декември 2020 година и е уште една во низата архитектонски атракции во Дубаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот