ФОТО+ВИДЕО: Владо Јаневски снима нов спот, овојпат тој е во главната улога

Познатиот македонски поп-пејач Владо Јаневски, на својот инстаграм-профил објави детали од снимањето на новиот спот за песната „Без тебе не ме бива“.

Спотот деновиве се снима во Скопје, а дел од сцените се снимани на покривот на ГТЦ.

Познато е дека Јаневски подолго време не се појавува во своите спотови, наместо него, во спотовите се појавуваа актери кои ја доловуваа сторијата од песната. Сега Јаневски одлучил, во овој спот, тој да ја има главната улога.

За нумерата „Без тебе не ме бива“ самиот пејач ги напиша текстот и музиката. Ова е трета песна што ќе се најде на новиот албум на Јаневски, а кој ќе излезе како издание на „Кроација рекордс“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот