ФОТО+ВИДЕО: Уште еден доказ дека Јокиќ е прв фаворит за МВП наградата!

Никола Јокиќ имаше уште една одлична сезона во дресот на Денвер нагетс/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Никола Јокиќ е прв фаворит за освојување на наградата за најкорисен играч во НБА лигата, а статистиката оди на негова страна.

Српскиот центар во дресот на Денвер Нагетс го заврши лигашкиот дел од сезоната (кој беше скратен за 10 натпревари, од 82 на 72), забележа точно 1898 поени, 780 скокови и 599 асистенции.

Така, успеа да стане само третиот играч во историјата на лигата кој во сите три категории беше рангиран во Топ 5 кошаркари во лигата, беше трет поентер, петти најдобар скокач и трет асистент!

Пред Јокиќ, тоа им успеа само на Вилт Чембрлен и Елџин Бејлор.

Србинот го заврши лигашкиот дел на сезоната со 56,6 отсто шут од игра, постигна 38,8% обид за три, и застана на 86,8% од линијата за слободни фрлања.

ВИДЕО: Познати двојките за плеј-офот и плеј-ин во НБА лигата, Леброн против Кари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот