ФОТО+ВИДЕО: Трамп држеше говор пред ѕидот со Мексико, а еве зошто цел Твитер го исмева
Претседателот на САД, Доналд Трамп го исмеваа на Твитер заради тоа што држеше говор на американско-мексиканската граница пред мал број на луѓе.
Трамп во вторникот им се обрати на новинарите во Тексас и тогаш го нарече подигнувањето на ѕидот со Мексико „големо достигнување“, додавајќи дека 25-тиот амандман претставува „нула ризик за него“.
Сепак, корисниците на Твитер го исмеваа претседателот заради локацијата и бројката на луѓе пред кои се обраќаше, пренесува сајтот Инди100.
„Прекрасен хотел го опкружува ѕидот покрај кој Трамп зборува“, напишал еден корисник, додека друг додал: „Вау, па овде има пет луѓе сигурно“; „Ѕидот зад тебе не е ни завршен“.
Корисниците на Твитер го исмеваа Трамп, на кого му е блокиран профилот на таа социјална мрежа заради поттикнување на нападите во Конгресот минатата недела.
THE WALL ISN'T EVEN DONE BEHIND YOU. #trumpwall pic.twitter.com/0XgTf2VpNX
— Joseph DiPaolo (@buckeyemonkey) January 12, 2021
Потоа следеа и споредби на ѕидот на Трамп со искачувањето на демонстрантите пред зградата на Конгресот.
Is this Trump wall? pic.twitter.com/ImDgPG3I4s
— Biker Phill (@PhillBiker) January 8, 2021
An inspiring picture for the Mexicans. #TrumpWall pic.twitter.com/WGoYO8W2IR
— Varoon Galagali (@gvaroon) January 7, 2021