ФОТО+ВИДЕО: „Тие добро знаат кои се“ – Бура од реакции зошто Несторовски упати навреди после неговиот гол!

Македонија ја оправда фаворитската улога вечерва против Лихтенштајн (5:0) и сега полека ги насочува погледите кон можеби најтешкиот испит во овие квалификации за СП, гостувањето во Дуизбург кај Германија на 31 март, но за тоа повеќе во наредниот период…

Тема покрај триумфот, беше и потегот на Илија Несторовски кој после неговиот реализиран гол од пенал, пред една од камерите упати навреди, пцовки.

Не се знаеше во прв момент кон кого беа тие упатени, едно се знаеше дека играчот на Удинезе кој во претходниот меч со Романија се најде во неколку ситуации за погодок во кои можеше подобро да реагира, со што можеше да се дојде и до поволен резултат, но немаше среќа, после што следуваа и низа критики за тогашните негови перформанси…

А после денешниот дуел реакциите, коментарите стана уште побројни поради неговиот потег со првичен заклучок најверојатно со цел да ги замолкне критичарите, а најголем дел од нив веднаш реагираа преку социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/nestoro30

Но, Несторовски објасни точно преку својот Инстаграм профил, кон кого ги упати тие навреди:

– Навредата беше наменета за три личности кои три дена ми се закануваат и навредуваат мене и мојата фамилија. Тие добро знаат кои се – напиша Несторовски.

ВИДЕО: Барди стрелаше од слободен удар, Трајковски го престигна Христов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот