ФОТО+ВИДЕО: Снежната бура Филомена ја парализираше Шпанија, досега четири жртви

Шпанската Влада ќе испрати вакцини против Ковид-19 и помош во храна во областа изолирана од снежното невреме „Филомена”, што предизвика невидени врнежи од снег во централна Шпанија, а четири лица загинаа во близина на Мадрид.

Шпанија не памети вакво снежно невреме со децении/ Фото: EPA-EFE/Ballesteros

Војската и спасувачките служби извлекоа 1.500 луѓе од автомобилите што останаа завеани на патиштата.

Војската помага во расчистување на снегот и помош на граѓаните/ Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Маж и жена се удавија во река кога автомобилот им потонал во надојдената вода во близина на Малага, додека на истокот од земјата бездомник почина од смрзнување. Четвртата жртва е пронајдена во Мадрид, под големо количество снег.

Главниот аеродром во Мадрид сигурно ќе биде затворен до попладнево, а околу 20.000 километри патна мрежа се покриени со снег и сообраќајот е отежнат.

Се затвора аеродромот во Мадрид/ Фото: EPA-EFE/Kiko huesca

Министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови без потреба.

Без непотребно излегување од дома, советуваат шпанските власти/ Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Мадрид е погоден од најсилната снежна бура од 1971 година, соопшти метеоролошката агенција.

Комуналните работници го расчистуваат натрупаниот снег на улиците/ Мадрид, Шпанија/10 јануари 2021/ Фото: EPA-EFE/Ballesteros

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот