ФОТО+ВИДЕО: Снежна бура во Шпанија: Вакво нешто не е видено последниве 10 години

Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Целата Шпанија, освен градот Мелиља и понатаму е под бран на интензивно студено време, ветер, дожд и снег, па сообраќајот е ограничен или прекинат на околу 300 патишта низ целата земја.

Заради доаѓањето на бурата Филомена од четврток е на сила највисоко ниво на предупредување од снежна бура во Мадрид и соседната покраина Кастиља-Ла Манча, известила државната метеоролошка агенција.

Фото: EPA-EFE/Dani Caballo

Снегот се очекува и на североисток во Каталонија и Арагон и на запад во Екстремадура.

Денеска наутро сообраќајот бил отежнат на 267 главни патишта, а целосно запрен на 36 помали улици.

Вчера почна да паѓа снег во Мадрид и околината и тоа по долго поминато време. Последните години во главниот град речиси да немаше снег. Температурата се спуштила до невообичаени минус шест степени.

На југот во земјата, во покраината Андалузија паѓа силен дожд. Заради слабата видливост траект со 76 патници удрил во пристаниште на канарскиот остров Гран Канарија, но никој не бил повреден.

Фото: EPA-EFE/Dani Caballo

Во Шпанија заради пандемијата забрането е патување меѓу 17-те автономни покраини без оправдана причина, но кафулињата и другите објекти се отворени. Полицискиот час е на сила од полноќ до 6 наутро.

Натпреварите во шпанското фудбалско првенство меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, како и Осасуна и Реал Мадрид би можеле да бидат одложени откако снежната бура зафати голем дел од Шпанија. Во Мадрид интензивно паѓа снег, а нешто слично последен пат е забележано во 2011 година.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот