ФОТО+ВИДЕО: Што е украдено и уништено при упадот во Конгресот, демонстрантите излегоа со трофеи

Приврзаниците на Трамп кои во средата упаднаа во Конгресот принудувајќи ги законодавците да бегаат на безбедно место, украле опрема, уништувале знаци и друг имот, и за тој вандализам многумина се фатени на камера, објави Форбс.

На оваа фотографија се гледа како неидентификуван вандал кој носи капче „Трамп“ го украде подиумот на спикерот на Конгресот Ненси Пелоси, смеејќи се и мафтајќи кон камерата.

Според Њујорк Тајмс поддржувачи на Трамп влегле во канцеларијата на Ненси Пелоси и испретурале бироа, кинеле слики и отстранувале знаци поставени на влезот кои ги зеле како “трофеи“.

Портпаролот на Пелоси Дру Хамил твитна дека лаптоп „користен само за презентации“ е украден од конференциската сала, додека конгресменот Џин Клејбурн им изјави на новинарите дека ајпадот му е украден.

„Електронска опрема е украдена од канцелариите на сенаторите, како и документи и разни материјали, соопшти јавниот обвинител на областа Колумбија Мајкл Шервин.

Ричард Барнет (60) од Гравет, Арканзас, позираше за Њујорк Тајмс со писменце украдено од канцеларијата на Пелоси, велејќи дека тој не го украл зошто оставил „четвртина“ на бирото на Пелоси.

Многу од демонстраните се фатени на камера како кршат прозорци низ целиот Капитол.

На едно видео објавено на Твитер, Сенаторот Џеф Меркли рече дека демонстрантите „ја скршиле вратата“ од неговата канцеларија, украле лаптоп и ги искинале работите кои биле закачени на ѕидот, а украле и лаптопот од конференциската маса и ја испретурале собата.

Канцеларијата на Сенатскиот парламентарец била со рафрлани хартии на подот, тоа го покажаа и снимките на Си-Ен-Ен.

Исто така е уништен и „храмот“ на Џон Луис во канцеларијата на лидерот на мнозинството:

Надвор пред Капитол, новинарите на Асошиејтед прес беа бркани од толпата, при што нивната опрема и камери се уништени.

Новинарите од Форбс се обиделе да стапат во контакт со соработниците на Пелоси и со полицијата во Капитол за да дознаат за направената штета.

Она што е сепак важно, а е спасено во мешаницата во Конгресот се гласачките ливчиња на Електорите кои „ако им паднеа в раце на разгневените демонстранти сигурно ќе беа запалени“, напиша сенаторот Меркли на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот