ФОТО+ВИДЕО | Сара Мејс ужива со семејството во снежното Маврово

Instagram

Нашата пејачка Сара Мејс деновиве ужива во убавините на Маврово заедно со својот сопруг, водителот Димитар Атанасовски и нивната ќерка Илина.

Димитар и Сара на социјалната мрежа „Инстаграм“, со своите пријатели и обожаватели споделуваат интересни фотографии и кратки видеа со кои ја доловуваат прекрасната снежна атмосфера.

Тие се љубители на зимските спортови, па очигледно и нивната ќерка ја наследила пасијата кон снежните авантури уште од мали нозе.

Со нив е и актерот Тино Костадиновски, кој сега е во улога на инструктор и ја учи двегодишната Илина да „борда“ на снегот.

Железото се кова додека е топло“, се шегуваше актерот.

Сара на својот инстаграм-профил сподели фотографија од својата ќеркичка која како вистински професионалец е облечена во целосна зимска опрема.

И она ќе бордала“, напиша Сара во описот на фотографијата.

Instagram
Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот