ФОТО+ВИДЕО: Повторно се полни улиците на Врашава, иљадници луѓе протестираат против десничарска Влада и законот за аботус

Голем број луѓе маршираа денеска во Варшава во знак на протест против полската десничарска Влада на последните демонстрации, откако високиот суд донесе одлука за дополнително заострување на веќе рестриктивниот закон за абортус.

Фото: EPA-EFE/MARCIN OBARA POLAND OUT

Протестот беше организиран од „Женски штрајк”, групата што стои зад низата масовни протести низ целата земја од изрекувањето на пресудата за абортусот, донесена на 22 октомври.

На демонстрациите им се придружија и претприемачи фрустрирани од начинот на кој Владата управува со пандемијата на коронавирусот.

Фото: EPA-EFE/MARCIN OBARA POLAND OUT

Маршот се одржа под слоганот: „Ние се бориме за слобода. Ние се бориме за сè!”

Демонстрантите се собраа на централната крстосница и маршираа кон куќата на Јарослав Качински, лидер на владејачката партија Право и правда, кој се смета за лидер на земјата, иако тој е вицепремиер.

Полицијата ги блокираше демонстрантите, присилувајќи ги да одат по друга рута до неговата куќа.

Фото: EPA-EFE/MARCIN OBARA POLAND OUT

Тие користеа мегафони со кои предупредуваа дека протестот е нелегален, велејќи: „Имаме епидемија”. 

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот