ФОТО+ВИДЕО: Покрај ковид-болница во Италија се отворила огромна дупка која „проголтала“ неколку автомобили

Profimedia

На паркиралиштето на ковид-болницата во Неапол се отворила огромна дупка.

Снимката од воздухот ја покажува големината на дупката во која пропаднале неколку возила, но за среќа нема жртви ниту повредени.

Profimedia
Profimedia
Profimedia

Пожарникарите и полицијата веднаш излегле на терен, а како што пренесува италијанскиот РАИ, причина за тоа веројатно е спуштање на земјиштето.

„Денес меѓу 6.30 и 6.45 се слушна силен тресок на паркиралиштето за посетители на болницата Mare du Ponticelli. Бучавата всушност беше резултат на имплозијата која создаде провалија со длабочина од околу 20 метри, рече дамиано Џенаро, кој ја води истрагата.

По пропаѓањето на земјиштето пациентите сместени во ковид-стационарот, главно асимптомартски и оние кои се во карантин, биле евакуирани, пренесува La Repubblica.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот