2 C
Скопје

ФОТО+ВИДЕО | Писмо на сирачињата од „Титаник“: Татко им ги киднапирал и ги однел на бродот кој бил осуден на пропаст

Едно од децата кое го преживеа потонувањето на „Титаник“, напишало писмо во кое опишало детално на што се сеќава во врска со несреќата.

Во четириделниот документарец „Титаник: Приказни од длабочината“, пренесена е приказната на Мишел Навратил, кого заедно со брат му, татко им ги повел на „Титаник“.

Браќата од Франција, Едмонд и Мишел Навратил имале две и четири години кога татко им ги киднапирал од мајка им Марсела и ги качил на „Титаник“.

Profimedia

 

Четвртиот ден од патувањето, бродот удрил во леденниот брег.

Навратил, кој бил патник во втора класа, брзо ги изнел своите момчиња и ги ставил во чамец за спасување. Тој чамец бил последниот кој успешно го напупштил бродот што тонел, а Едмонд и Мишел тогаш последен пат го виделе татко им.

Прочитајте и...  Ковид-19 ги „секна“ средствата за регрес за 27.000 буџетари

По трагедијата браќата во медиумите го добиле прекарот „Сирачињата од Титаник“, бидејќи биле единствените деца спасени без родител или старател.

Документарната серија ја прикажува внуката на Мишел, Елизабет, како го чита писмото кое Мишел го напишал како дете и во кое го опишал како го доживеал тоа што се случило.

Profimedia

Ме разбуди татко ми. Ме носеше во раце. Јас и брат ми бевме ставени во чамец. Тој веќе беше полн со патници. Тато ми рече на мама да ѝ ја пренесам неговата љубов, а потоа нè остави. Се сеќавам на моментот кога чамецот се спушти од „Титаник“. Бучавата кога падна во водата. И моментот кога почна да се оддалечува од бродот. Се сеќавам дека се разбудив во чамецот. Морето беше бело и модро, а во далечината имаше брод“, напишал Мишел.

Прочитајте и...  Нема поточен хороскоп од тибетскиот: 5 хороскопски знаци кои ќе имаат многу среќа во 2021 година!
Profimedia

Дете мое, кога мајка ти ќе дојде по тебе, кажи ѝ дека ја сакав и дека уште ја сакам. Кажи ѝ дека очекував дека ќе тргне по нас за сите среќно да живееме во мирот и слободата на Новиот свет“, му рекол татко му.

Фотографијата која ја објавиле медиумите/Profimedia

Кога спасувачкот брод „Карпатија“ стигнал еден час и половина откако „Титаник“ потонал, Мишел и Едмонд биле подигнати во бродот.

Патничката Маргарет Хејс, која зборувала француски, ги земала да ги чува двете деца додека мајка им Марсел не ги пронашла.

Profimedia

Марсел ги видела фотографиите на своите синови во весниците, каде што погрешно биле именувани како Луи и Лола, па отпатувала со брод во Њујорк и на 16 мај 1912 година повторно се сретнала со своите деца и ги донела назад во Франција.

Прочитајте и...  ФОТО | Сите ја обожававме секси „чуварката на плажа“ во деведесеттите: 30 години подоцна таа се уште изгледа неверојатно добро!

 

Поврзани вести

Нема поточен хороскоп од тибетскиот: 5 хороскопски знаци кои ќе имаат многу среќа во 2021 година!

Слободен печат

Ен Хатавеј: Злобните коментари од луѓето ми помогнаа во животот

Слободен печат

ВИДЕО | Обожавателите дури сега забележаа: Во една од епизодите на „Пријатели“ се појавува некој посебен

Слободен печат

Џудо-тренерот од Прилеп барал да сведочи на полиграф, не му дозволиле

Мирослава Бурнс

ВИДЕО | Домашен трик кој ќе ви го промени животот: Од истуткана облека до совршено испеглани парчиња без да ја допрете пеглата!

Слободен печат

Тања Кармзова Костиглиола, нашинка во Франција: И тука побарувачката за вакцини е огромна, а ресурсите се ограничени

Јасмина Кантарџиева Димков

Остави Коментар