ФОТО+ВИДЕО | Падна првиот бакнеж: Џенифер Лопез и Бен Афлек фатени како разменуваат нежности во Малибу

Profimedia
Фото: Профимедиа

Веќе нема никаква дилема – Џенифер Лопез и Бен Афлек се повторно заедно.

Двојката беше фотографирана како разменуваат бакнежи во јавност за време на вечера во Малибу, првпат откако се појавија гласините за обновување на романсата.

Имено, како што пишуваат странските медиуми,  на парот подоцна им се придружило и семејството на Џенифер по повод 50-тиот роденден на нејзината сестра Линда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jlover💜 (@123brianna123)

Тие се прегрнувале, бакнувале и разменувале нежности на масата за време на вечерата, не знаејќи дека ги демнат папараците. Со нив биле и децата на Џенифер, 13-годишните близнаци Макс и Еме.

Не е изненадување што Афлек веќе почнал да се дружи и со останатите членови на семејството Лопез, имајќи предвид дека мајката на Џенифер веќе ги дала своите благослови, пренесува „Page Six

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BenAffleckJlopez (@jlopezbenaffleck)

Афлек и Лопез беа омилениот пар на новиот милениум. Во јавноста почнаа да кружат гласини дека се повторно заедно во април годинава.

Нивната романса започна само неколку недели по раскинувањето на Лопез со свршеникот Алекс Родригез. Од тогаш парот се обидува да помине што повеќе време заедно. Во мај, тие отпатуваа во ултра-ексклузивниот клуб „Јелоустоун“ во Монтана, а неодамна изнајмиле куќа за одмор во Мајами. Лопез наводно планира да се пресели во Лос Анџелес за да биде поблиску до Афлек.

 

ФОТО | Џеј Ло се вратила дома, а Бен Афлек уловен во коцкарница: Нема да поверувате со кого

Џенифер Лопез и Бен Афлек стануваат сериозни: Нејзин прироритет се децата

ФОТО | Џеј Ло се вратила дома, а Бен Афлек уловен во коцкарница: Нема да поверувате со кого

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот