ФОТО+ВИДЕО: Ова е повеќе од воена состојба, катаклизмата е пред нас, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот протест, за правда и слободи, во своето обраќање пред присутните рече дека е потребно организирање на лидерска средба се со цел надминување на катастрофите со кои се соочуваат и граѓаните и државата.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Фејсбук

-Ако на пролет кога беше првиот бран од оваа катастрофа велеа дека блескаме и дека работата ја имаат под контрола мислејќи дека во текот на летото интензитетот ќе се намали и тие ќе бидат хероите сега драги пријатели се движиме кон многу потежок период од есента доаѓа зимата а ние за жал поради овие калкулантски политики на оваа политичка мафија ќе ја пречекаме оваа зима неподготвени. А тоа денеска чини човечки животи. Неспособноста нивна не е политичка придобивка за опозицијата туку уште еден човечки живот помалку на трпезата на ручек, вечера. Уште едно загубено работно место уште едно предавство и понижување– рече Мицкоски.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Фејсбук

Ова е повеќе од воена состојба, вели Мицкоски, катаклизмата е пред нас.

Ќе се борам во името на оваа моја генерација во политиката да докажам дека можеме поинаку од сѐ што до сега сте виделе….

Publiée par Hristijan Mickoski sur Vendredi 23 octobre 2020

-И кога гледате дека нема разум чест и честитост тогаш единствено нешто што ви преостанува е сами да се изборите за тоа што можеби вам ви припаѓа. Да се изборите за вашиот народ за вашите сограѓани да се изборите за Македонија. Ете затоа ја побарав таа лидерска средба. Затоа почитувани пријатели нема простор за суетност и гордост, туку за одговорност кон својата држава и граѓаните на Македонија. Затоа треба да се седне и разговара. Тоа ќе значи и спасени животи. И го барам ова не затоа што Заев ми е мил, туку затоа што се работи за нашата татковина и нашите најмили, вели Мицкоски.

Протест на ВМРО-ДПМНЕ/ Фото: Фејсбук

Претседателот Мицкоски истакна дека власта не успева да се справи со корона кризата, односно како што рече тој, во Македонија освен ковид пандемија се случува и Зоран Заев што би се рекло катастрофа на квадрат.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот