ФОТО+ВИДЕО | Неверојатен гест на Џенифер Гарнер: Му ги облекла своите чорапи на бездомник и му ги понудила патиките

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Џенифер Гарнер и еден папарацо се здружиле за да му помогнат на бездомник во инвалидска количка.

Фотографот ја снимал актерката во нејзиниот автомобил на паркингот во Санта Моника, Калифорнија, во неделата попладне, кога таа го спуштила прозорецот и почнала да комуницира со бездомник во инвалидска количка, пишува „Пејџ сикс“ (Page Six). 

Насмеаната актерка разговарала со мажот пред да му подаде пластична кеса полна со неопходни работи за живот.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Кога сфатила дека мажот е бос, веднаш ја отворила вратата, излегла од нејзиното возило, се стуткала пред него и почнала да му става чорапи на нозете.

Гарнер потоа ги соблекла патиките и се обидела да му ги облече, но тие биле премали. Актерката потоа забележала маж во близина и тргнала кон него, прашувајќи го која големина на чевли носи.

„Која големина на стапала имате? Го прашала мажот. „Може ли да му ги купам твоите чевли? Му требаат чевли“.

Фотографот потоа прашал која големина му треба на човекот, на што Гарнер одговори: „10 и пол“.

„Ох, моите се 11! Сакаш да му ги дадам? Можам да му ги дадам“, одговори тој со радост, велејќи ѝ на актерката дека нема потреба да му плаќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот