ФОТО+ВИДЕО: Немирна ноќ во Лод, запалени синагоги, дуќани и возила, Израел ја испрати граничната полиција да воведе ред

Утрово Израел им нареди на полициските сили да се распоредат со градовите населени со Евреи и Арапи. Овој чекор доаша само неколку часа по прогласувањето на вонредна состојба во Лод, каде има интензивни арапски немири уште од доцна во вторникот и каде три синагоди и бројни дуќани се запалени, како и десетина автомобили.

Оваа ретка објава на вонредна состојба во центалниот израелски град предизвика итно прераспоредување на неколку бригади на граничната полиција во обид да го врати редот во градот, објавија израелските медиуми.

Вонредната состојба им дава одврзани раце на полициските службеници односно поголема власт и слобода да дејствуваат во местата каде е прогласена. Тие може да ги затворат областите од градот за да ја спроведат својата должност и да применат „соодветна сила“ со цел да ги принудат цивилите да ги почитуваат нивните наредби.

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Реприза на нацистичкиот терор од Кристалната ноќ

Некои жители на Лод река дека пресечена им е електричната енергија во домовите и дека Молотови коктели им се фрлани низ прозорците, објави Канал 12 во вторникот, а полиција била повикана за да придружува некои жители од општинскиот центар до нивните домови кога арапски демонстранти дивееле низ улиците и правеле нереди.

Еден 56-годишен маж е сериозно повреден кога камен удрил врз прозорецот на неговиот автомобил, по што тој е хоспитализиран. Друг жител исто така, според извештаите е сериозно повреден.

Градоначаникот на Лод, Јиар Ревиво, рече дека Градското собрание и локалниот музеј исто така се нападнати, и тоа го спореди со нацистичкиот погром од Кристалната ноќ во 1938 година.

„Граѓанската војна“ почна, рече тој, додавајќи дека напорите за коегзистенција, градени со децении пропаднале.

На социјалните медиумите се појави видео од тоа како е изгорена синагога по што двајца мажи извлекуваат две Тори кои немаат оштетувања од овој напад.

Полицискиот комесар Коби Шабтаи денеска изјави дека ја престил својата полициска служба во Лод за да ја набљудува состојбата.

Нетанјаху: Ќе го вратиме редот со железна тупаница

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху го посети градот во текот на ноќта за да ги види напорите за враќање на редот и ставање крај на немирите.

„Цел ден добивам новости за тоа што се случува тука во градот и на ова гледам крајно сериозно. Тоа е анархија поради немирите и не можеме да ја прифатиме “, рече Нетанјаху.

Премиерот ги повика жителите на Лод да останат дома и рече дека ќе воведе полициски час доколку биде потребно. „Ќе го вратиме редот и законот со железна тупаница“, рече тој.

Фото: EPA-EFE/MAYA ALLERUZZO / POOL

Тројца Евреи се уапсени во вторникот поради фаталното стрелање на Арап за време на судирите во понеделникот вечерта. Тие биле испрашувани под сомнение за убиство, притоа тврдејќи дека истрелите ги испукале во самоодбрана.

Но, првичната истрага покажа дека истрелите биле испукани кон човек кој стоел десетици метри подалеку, а судот во средата им го продолжил притворот за три дена, а судијата Тал Анер изјави дека тврдењето за самоодбрана „не одговара на објективните наоди. ”

Во средата, министерот за јавна безбедност Амир Охана објави на Твитер дека апсењето на стрелецот било „страшно“. Охана рече дека доколку работата била под негова надлежност, тој ќе нареди осомничениот веднаш да биде ослободен и препорача полицијата да го стори тоа, бидејќи „цивилите кои носат оружје им помагаат на властите во непосредно неутрализирање на закани или опасности“.

Немири и во другите градови, најкритично во Лод

Арапското насилство избувна во бројни други градови низ Израел, заедно со извештаите за еврејски напади, вклучително и во Лод, каде беа запалени муслимански гробишта.

Шабтаи ја нарече ситуацијата во Лод невидена.

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

„Гледаме ситуација во… [еврејско-арапските] градови што никогаш порано не сме ја виделе, вклучително и инцидентите во октомври 2000 година“, рече Шабтаи, осврнувајќи се на раширените немири што избувнаа меѓу арапските Израелци на почетокот на Втората Интифада.

„Не се чувствувам безбедно да излезам од својот дом“, изјави жителот на Лод, Лиор Бенисти, за вестите на Канал 12. „Сакавме да одиме кај сестра ми, имаме две мали ќерки и решивме да останеме вечерва, иако немаме просторија за заштита од ракети. Подобро да ризикувате со ракети отколку осакатување надвор.

„Живеам во градот повеќе од една деценија и за жал предвидував дека тоа ќе се случи“, рече Бенисти, додавајќи дека по неодамнешните немири во Јафа, „реков дека е само прашање на време кога ова ќе се случи ова во Лод. Не очекував дека тоа ќе се случи толку брзо “.

Владата ги остави неинформирани пратеници за состојбата во Лод

Пред да биде прогласена вонредната состојба, еврејските медиуми соопштија дека неколку министри повикале на итен состанок на кабинетот за да добијат новости за ситуацијата во Лод, но секретарот на кабинетот Цачи Браверман како одговор ја затвори владината група на WhatsApp за нови коментари.

„Може ли некој да ги информира министрите во кабинетот за тоа што се случува во Лод?“ – праша Офир Акунис (Ликуд). „Барам да се собере кабинетот за да добиме новости за сите фронтови“.
Пнина Тамано-Шата (Сино и бело) рече: „Тешки слики. Градоначалникот е беспомошен. Би било убаво да добиеме официјални нови податоци од кабинетот “.

Гила Гамлиел од Ликуд рече дека прогласувањето вонредна состојба „наложува информирање од кабинетот за тоа како ќе се спречи оваа анархија… Треба ли војската да влезе во Лод?“

Но, како одговор, Браверман едноставно ја затвори групата на WhatsApp за нови пораки и напиша: „Групата е блокирана“.

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Шефот на партијата Ра’ам, Мансур Абас даде изјава рано наутро во средата во која повикува на смиреност и враќање на редот.

„Среде народниот излив на разбирлив гнев, почнуваме да гледаме дека работите се развиваат во многу опасни насоки, бидејќи мирните народни демонстрации се претворија во директни судири што ги загрозуваат животот и безбедноста на нашата младина“, изјави водачот на исламистичката партија.

„Ве замолувам сите да преземете одговорност, да постапувате со мудрост, да го почитувате јавниот ред и закон и да го зачувате вашиот живот и животот на сите граѓани без исклучок“, додаде тој.

Лод
Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Арапско-еврејската партија Хадаш, најголемата единствена фракција на Здружениот листа, исто така, повика на ставање крај на насилството и враќање на смиреноста, но го критикуваше распоредувањето на силите на Граничната полиција за воспоставување ред.

„Ние ги поддржуваме заедничките демонстрации на Евреите и Арапите, против окупацијата и нападот врз Газа, но решително ги отфрламе обидите за линч, палење имот и куќи за богослужба и каква било штета врз цивили, Евреи и Арапи“, рече Хадаш.

Израелска војска/ Фото: EPA-EFE/ABED AL HASHLAMOUN

Но, партијата додаде: „Ние го отфрламе воведувањето на граничните сили, чии антиарапски тенденции се познати, во Лод. Ова може да доведе само до ескалација “.

Убиства на цивили во Лод

Заедно со судирите во градот, двајца жители на Лод беа убиени преку ноќ во директен ракетен удар од Газа врз возилото кое се движело во предградијата на градот.

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Калил Авад (52) и неговата 16-годишна ќерка Надин Авад беа убиени, а неговата сопруга беше сериозно ранета во Дахмаш, непризнаено арапско село со 800 жители непосредно пред Лод.

Тоа беше директен удар на терористите во Газа, дел од најжестокиот напад во кој беа забележани над 1.000 ракети лансирани кон израелски цивили – вклучувајќи стотици насочени кон Тел Авив и други градови во централниот дел на Израел – за еден и пол ден борби.

Полицијата ги повика луѓето да останат во засолништата за бомби.

„Ракетите на Хамас не прават разлика помеѓу Евреите и Арапите“, рече градоначалникот на Лод, Ревиво.

Тој исто така апелираше до арапските жители да ги прекинат протестите и повика на смиреност во градот. „Ден потоа, сепак ќе мора да живееме тука заедно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот