ФОТО+ВИДЕО: Најубавата спортистка на светот во дресот на Јокиќ – тој е МВП!

Фото: instagram.com/_paige.renee/

Ја сметаат за најзгодна спортистка на светот, но и надвор од „нејзиниот спорт“ – таа знае како да го привлече вниманието.

Американката Пејџ Спиранац, покрај голфот, се занимава и со промотивни работни места, а една од нејзините задачи од тој тип е и поврзана со една обложувачка куќа од САД.

По тој повод, таа ја објави добрата вест за сите оние кои досега се обложувале во тој ланец на обложувалници дека српскиот репрезентативен центар, предводникот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, ќе биде прогласен за најкорисен играч во НБА лигата (МВП).

Таа го објави тоа преку видео известување додека го носеше дресот на српскиот ас, а по тој повод го рече следново:

– Доколку ја следите НБА-лигата, знаете дека Никола Јокиќ има неверојатна сезона, тој е главниот кандидат за МВП-наградата, иако имаме уште еден месец до нејзиното официјализирање. Но, решивме да им дадеме на сите кои се од Колорадо, и кои досега се обложија дека Јокиќ ќе биде МВП, уште сега ќе биде исплатена добивката. Не во форма на некои бонуси, туку во кеш – објави Спиранац.

Иако деновиве избувна полемика околу тоа дали српскиот репрезентативец е навистина најголемиот кандидат за споменатото признание (кое ниту еден НБА центар го нема добиено две децении, уште од доминацијата на Шекил О’Нил – кој смета дека Јокиќ не е МВП), обложувалниците се целосно јасни во акцентот на тоа колку е доминантен Јокиќ.

Бидејќи, и покрај расправиите во американските ТВ куќи на оваа тема, и покрај скандалозното објаснување на еден од локалните новинари зошто не му паѓа на памет да зборува во полза на Никола, и покрај одвратноста на некои НБА ѕвезди од тој став, квотите многу прецизно посочуваат колку Јокиќ ја импресионираше кошаркарската јавност во САД.

На почетокот на сезоната исплатата за еден вложен долар беше 21 за оние кои се обложија дека Никола Јокиќ ќе биде МВП (според американските квоти беше „+2000“, според децималниот „21“), односно платата беше 20 пати повисоки од влогот, а шест месеци подоцна, односно сега, кој и да се обложи дека Јокиќ ќе биде МВП на НБА лигата, ќе заработи само 0,5% во однос на влогот, бидејќи американската квота во моментов е „-2000“, односно според локалните пресметки на обложувалниците е само 1,05.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paige Spiranac (@_paige.renee)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paige Spiranac (@_paige.renee)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paige Spiranac (@_paige.renee)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот