ФОТО+ВИДЕО | Најтажната новогодишна елка: Пристаништето во Бејрут е „украсено“ со елка која ги носи имињата на загинатите во експлозијата

Profimedia

На овој начин им беше оддадена чест на сите кои загинаа во една од најголемите трагедии во Либан.

Иако дочекот на новата година ќе изостане поради пандемијата на коронавирусот, светските метрополи не се откажаа целосно од украсувањето по повод празниците. Така, плоштадите ширум светот се украсени со разновидни новогодишни елки, а една од најтажните елки е поставен во Бејрут.

Елката како „украс“ ги носи имињата на загинатите во страшната експлозија во пристаништето во главниот град на Либан.

Profimedia
Profimedia

Тажната елка е поставена на местото на трагедија која се случи на 4 август.

Едната половина од новогодишната елка е украсена со лампиони и празнични декорации, а на долниот дел се наоѓа список на жртвите.

Profimedia

На овој начин им беше оддадена чест на сите кои загинаа во една од најголемите трагедии во Либан.

Да се потсетиме, главниот град на Либан беше потресен од катастрофална експлозија оваа година, во која загинаа повеќе од 200 лица, додека околу 6.500 беа повредени. Голем број луѓе останаа без покрив над главата кога експлодираа 2.750 тони амониум нитрат, кои биле чувани во пристаништето од 2013 година, без многу надзор.

Слики од хоророт го обиколија светот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот