ФОТО+ВИДЕО: Моника Селеш денес полни 47 години, а нејзиниот живот сѐ уште го интригира светот

Profimedia/EPA

Моника Селеш денеска го слави 47-от роденден. Родена е во 1973 година во Нови Сад. Пред да стане најдобра тенисерка во светот првите тениски удари ги изведувала на терените во родниот град.

Profimedia

По преселувањето во Америка, одела на академијата на познатиот тениски стручњак Ник Болитиери, заедно со Андре Агаси, Габриела Сабатини, Мери Џо Фернандез.

Profimedia

„Најмногу сакав да удирам со топката во ѕид и благодарна сум им на станарите што буката не им пречеше. И денес сум најсреќна кога околу мене постои голем ѕид. Тоа е безбедносна мрежа, музика која најмногу му годи на моето уво“, напишала во автобиографијата во 2009 година Моника.

Професионален тенис почнала да игра на 14 години.

Profimedia

Беше препознатлива по форхендот и бекендот како и по силниот ритерн. Исто така беше позната и по гласното викање при удирање на топчето поради што некои колешки за време на мечевите им се жалеа на судиите.

Profimedia

Моника е најмладата тенисерка која го освоила Ролан Гарос во 1990 година – имаше само 16 години и шест месеци кога ја победи Штефи Граф.

1991 година беше врв во нејзината кариера. Беше неприкосновена на теренот. Од јануари 1991 година до февруари 1993 година освои 22 турнира, дојде до 33 финалиња од 34 турнири на кои учествуваше. Оствари 159 победи и само 12 порази (92,9% победи).

Profimedia

Југословените ѝ го дадоа прекарот Малата Мо, а Ѓорѓе Балашевиќ ѝ посвети и песна.

Но тогаш дојде кобниот датум, 30 април 1993 година.

30 април 1993 година

Во четвртфиналето на мечот меѓу Моника Селеш и Магдалена Малеева во Хамбург, тогаш 38-годишниот Гинтер Пархе, опсесивен навивач на Штефи Граф, ја забодел Моника со нож во грбот на паузата меѓу гемовите.

Ginter Parhe
Гинтер Парх/Profimedia

Моника беше пренесена во болница, физичките повреди ѝ беа санирани, но со психичките се бореше две години.

Profimedia

Седев на клупата и почувствував остра болка во грбот. Погледнав зад себе и видов лице со нож во раката. Беше хаотично“, се присети подоцна Моника.

Штефи Граф и Моника Селеш/Porfimedia

По две години повторно се врати на терените.

Секогаш победник

Моника Селеш беше позната по тоа што е најдобра секогаш кога е најтешко, а со години водела тешки психички битки.

Profimedia

Спас барала во храната, а депресијата била врв на нејзината лоша состојба, од која Моника повторно излегла како победник.

Моника, која преживеа големи животни пресврти, многу е инспиративна за американската и за светската јавност.

Напоменува дека белиот спорт ѝ е омилена активност и дека игра со локалните, верни соиграчи, а покрај во тенисот ужива и во прошетките.

На денешен ден се случи најсрамниот чин во историјата на тенисот, крикот на Селеш кој промени сè  (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот