ФОТО+ВИДЕО| Мајка – тинејџерка за својата бременост на 13 годишна возраст: „Сите инсистираа да абортирам, а мојата мојата ќерка ми го спаси животот“

Instagram
Instagram

ЈуТјуб – ѕвездата Меди Ламберт од Тексас, денес со полни 17 години, пред јавноста отворено зборува за трауматскиот период кога останала бремена како 13 – годишно девојче и за соочувањето со ужасните коментари, навреди и притискот да абортира дури и во седмиот месец од бременоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mads?? (@maddieelambertt)


Медиумите откриле дека таа добивала и бројни сурови пораки  за време на нејзнината бременост со содржина, како на пример „Се надевам дека ќе умреш при породување“, а некои дури отишле дотаму што и испратиле броеви за контакт и линкови до страници со клиники за абортус, пренесува „Дејли Стар“ .

И покрај упорното инсистирање на околината да не го задржи бебето, младата девојка сепак решила да го роди, а денес вели дека мајчинството е суштината на нејзиниот живот.

„Кога останав бремена, бев преплашен од реакциите што ќе следат и навистина имаше толку многу негативни коментари и омраза околу мене. Секој имаше нешто да ми каже и не се воздржуваа и воопшто не бираа зборови. Ми зборуваа дека ќе си го уништам животот, ми предложија абортус дури во седмиот месец од бременоста, дури добив пораки дека посакуваат смрт за мене и за бебето“, изјавила младата девојка.

Меди истакнува дека коментарите само ја охрабрувале да се реализира како мајка. Таа денес ја има ќерката Еверли и вели дека таа и го спасила животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mads?? (@maddieelambertt)


„Омразата ме натера да тргнам по подобриот пат и да им покажам на сите дека можам да бидам најдобрата мајка. Мојата ќерка не само што го промени мојот живот, таа буквално ми го спаси животот. Јас се борев со депресија, дури и се обидував да се самоубијам пред да забременам бидејќи имав проблем да го најдам своето место на Земјата и да разберам зошто постојам. Кога дознав дека носам бебе, тоа ми даде причина да се борам“, изјавила оваа мајка тинејџерка.

Откако ја родила Еверли, Меди решила да го промовира и својот канал на Јутјуб на кој денес таа споделува видеа за тоа како изгледа животот на една мајка – тинејџерка. Денес има повеќе од 1,5 милиони претплатници и вели дека се надева дека нејзината приказна ќе им помогне на мајките – тинејџери да се ослободат од стигмата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mads?? (@maddieelambertt)


„Многу луѓе мислат дека сум лоша мајка само затоа што сум тинејџерка. Но, јас го имам истиот родителски капацитет како и секој друг на овој свет. Добра мајка е онаа кој се жртвува за своето дете. Јас го жртвував целото мое детство. Јас правам сè за неа. Таа е целиот мој свет”, заклучила Меди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот