ФОТО+ВИДЕО: Коронавирусот „владее“ во Италија, над 19 илјади заразени во еден ден!

epa08768491 Ambulances are seen at the Niguarda hospital in Milan, Italy, 23 October 2020. Milan has been hit especially hard by the recent rise in Covid-19 Coronavirus cases. EPA-EFE/MATTEO CORNER

Во Италија во последните 24 часа се потврдени 19.143 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот на епидемијата, соопшти Министерството за здравство.

Претходниот рекорд беше вчера, кога имаше 16.079 новоинфицирани.

Болница во Милано, Италија/Фото: EPA-EFE/MATTEO CORNER

Во Италија, од почетокот на епидемијата, потврдени се 484.869 случаи на Ковид-19, а починале 37.059 лица.

Владата, најверојатно, ќе воведе ограничувања ако смета дека постојните мерки, како што се маски на отворено, немаат доволно ефект да ја запрат пандемијата. Покрај тоа, официјалните лица работат на список на несуштински активности што можат да бидат запрени.

Амбулантни возила на секој чекот во Милано, Италија/Фото: EPA-EFE/Matteo Corner

Полицискиот час се очекува да биде воведен доколку кривата поврзана со бројот на пациенти на интензивна нега „не се врати назад за седум дена”. Ако има полициски час тој е биде од 21 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот