ФОТО+ВИДЕО | Кои славни личности се закитија со Греми? Бијонсе на врвот со најмногу освоени награди досега

Instagram
Instagram

Со освојувањето на 28-от Греми во нејзината кариера, Бијонсе се искачи на врвот како уметник со најмногу освоени награди досега.

Во недела навечер се одржаа 63-те годишното доделување на Американската музичка академија, Греми наградите. Тревор Ноа беше домаќин на церемонијата од конгресниот центар во Лос Анџелес, спроти вообичаеениот дом во кој се доделуваа традиционално наградите, Стејплс центарот.


Како и со другите церемонии досега, на доделувањето на Греми наградите поради пандемијата и оваа година немаше публика во живо, покрај големиот број изведувачи и номинирани.

Меѓу изведувачите кои се најдоа на сцената со свој перформанс беа, Бед Бани, Тејлор Свифт, Дуа Липа, Карди Би и Меган д Сталион. Бијонсе водеше со девет номинации, а со освојувањето на 28-от Греми во нејзината кариера, Бијонсе стана уметник со најмногу награди освоени од Американската музичка академија, досега.


Тејлор Свифт ја однесе дома можеби најзначајната награда: за албум на годината , „Folklore“. Били Ајлиш и нејзината песна „Everything I Wanted“ ја добија наградата за музички запис на годината.


Меѓу бројните познати добитници се истакна и Хари Стајлс, чија песна „Watermelon Sugar“ беше прогласена за најдобра поп – песна.


Добитник на Греми за најдобар нов изведувач е Меган д Сталион, за најдобар дует беше избран „Rain On Me“ во изведба на Лејди Гага и Аријана Гранде, додека Дуа Липа ја понесе наградата за поп – албум на годината.

Греми под маски, со достанца и без публика, но сите присутни се потрудија да остане запаметено. Голем број наградени изведувачи во различни категории, а целиот список на добитници на Греми  можете да го погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот