ФОТО+ВИДЕО | Игор Џамбазов во дует со Емилија Џамбазова – Бавчанска: Новиот хит се вика „Мјау“

Instagram
Instagram

Игор Џамбазов, Илина Арсова и нивната мачка Емилија повторно уживаат во спокојот на прекрасниот Дојран.

На својот инстаграм – профил Игор Џамбазов заедно со Емилија ни изведоа мал дел од нивниот „нов хит“ – „Мјау“.

Игор секогаш наоѓа начин да не расположи, а ние уживаме во секоја нова објава која ја споделува со нас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)

Во една прилика Илина изјави дека мачката Емилија била доста љубоморна на неа и дека не сакала да го дели Игор со ниту една друга.

Веруваме дека дамите веќе се во добри односи и уживаат во заедничко друштво.

Игор Џамбазов и Илина Арсова несомнено се омилениот пар на македонската јавност. Двајцата се активни на социјалните мрежи и умешно знаат да ги радуваат своите обожаватели и пријатели со заедничките фотографии и видеа, взаемната поддршка и позитивната енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот