ФОТО+ВИДЕО | Фасцинантно откритие на археолозите: Пронајдени најстарите игли за тетовирање во Тенеси

Print Screen

Иако тетоважите генерално се поврзани со модерното време, нивната употреба се протега илјадници години наназад. Всушност, античките луѓе користеле тетоважи многу порано отколку што се мислеше до сега. Археолозите во Тенеси штотуку го идентификуваа најстариот познат комплет за тетовирање во светот – тој е стар помеѓу 5.520 и 3.620 години.

Комплетот за тетовирање бил првично откриен во 1985 година за време на проектот за изградба на мост во близина на Нешвил, Тенеси. Во тоа време, археолозите го отфрлиле комплетот како едноставно „пакет алатки“.

Print Screen
Принтскрин / Youtube

Детер-Волф, експерт за антички тетоважи од одделот за археологија во Тенеси, првично сметал дек  комплетот изгледал како пакет лекови што го користеле домородните Американци. Но, по извесно време, откако се здружиле со зооархеологот Тања Перес од Државниот универзитет во Флорида, тие сфатиле дека станува збор за антички игли за тетовирање од мискиркини коски, полу-лушпи исполнети со пигменти и камени алатки, пишува „All That’s Interesting“.

Print Screen
Принтскрин / Youtube

Вакво откритие е возбудливо самото по себе, но врз основа на радиојаглеродна студија на школки на истото место, Детер-Волф и Перес исто така утврдиле дека иглите за тетовирање се стари помеѓу 5.520 и 3.620 години, што значи дека домородците во Северна Америка користеле тетоважи повеќе од 1.000 порано отколку што се сметаше до сега.

Но, бидејќи тетоважите оставаат траги во човечката кожа, а човечката кожа генерално бргу се распаѓа со текот на времето, на научниците им е тешко да го разберат обемот или значењето на тетоважите во античките култури.

Во денешно време, тетоважате може да значи различни работи за различни луѓе. Некои сметаат дека тетоважите се знак на бунт, други пак ги гледаат како омаж или уметничко дело. Што се однесува до античките луѓе, потребно е да се направат уште многу истражување.

Видео на денот