ФОТО+ВИДЕО | „Договор за Европско првенство“: Девојка сподели какви правила ѝ поставило нејзиното момче додека трае „фудбалското лудило“

Пред неколку дена девојката по име Џорџа Холмс на социјалната мрежа „ТикТок“ го објави договорот што ѝ го испратило нејзиното момче Џоел пред почетокот на европското првенство во фудбал.

Во договорот, тој напишал низа правила за тоа како ќе се однесува додека трае „фудбалското лудило“, а неговите правила не ја воодушевиле девојката.

Фото: Џорџа и Џоел / Принтскрин „ТикТок“

Веројатно не сум единствената што добила писмо од нејзиното момче пред почетокот на европското првенство“, вели Холмс во видеото пред да го покаже договорот што ѝ го испратило нејзиното момче.

Ова го пишувам за да се знаат условите и одредбите за Европското првенство во фудбал, кое ќе трае од 11 јуни 2021 година до 11 јули 2021 година. Сега следи список на правила кои треба да ги почитуваш“, се вели на самиот почеток на договорот.

Тој истакнал дека не треба неговата девојка да очекува убави пораки од него во текот на следните недели и дека нема да има никаква интеракција со мобилниот телефон додека натпреварите се во тек, освен ако тој не ѝ се јави за да ѝ каже дека „фудбалот се враќа дома“. Тој исто така во писмото вели дека поголемиот дел од своето време ќе го поминува во паб и дека таа не смее да му праќа пораки и да го прашува кога ќе се врати дома. А, друго правило е дека не смее да му се јавува за време на натпреварите, освен ако не се работи за итен случај.

@georgiaholmes.x

I had to laugh , what on earth🤣🤣 #euros #fyp #boyfriend #football

♬ Afterglow – Wilkinson & Becky Hill

Исто така, во писмото напишал дека Џорџа може да му испраќа пораки само за време на полувремето или кога ќе заврши натпреварот, бидејќи целото внимание треба да му биде насочено кон натпреварот.

Тој исто така навел и дека девојката не смее да го сфати лично неговото лошо расположение поврзано со резултатот на натпреварите кои веројатно ќе ги следи пиејќи пиво, па веројатно ќе се враќа дома „пивнат“.

Ако мислиш дека сум заборавил нешто, или имаш некои предлози, можеш да ми се јавиш за да закажеме состанок во време што ти одговара. Благодарам“, напишал на крајот, додавајќи дека Џорџа треба да запомни колку тој ја сака.

Фото: Принтскрин / „ТикТок“

Нејзината објава стана инстант хит на социјалните мрежи, а видеото откако е објавено има над 371,1 илјади прегледи и 45,2 илјади „лајкови“.

Морав да се насмеам на сето тоа“, рече таа на крајот од видеото.

Фото: Принтскрин / „ТикТок“

Многумина ја видоа смешната страна на сето тоа и го пофалија нејзиното момче за неговата имагинација.

Само што му го покажав ова на мојот дечко и тој рече дека истото важи и за мене“, беше еден од коментарите под видеото.

Видео на денот