ФОТО+ВИДЕО: Демонстранти против полицискиот час во Холандија запалија центар за тестирање за коронавирус

Фото: EPA-EFE/MARCO DE SWART

Младите кои ноќеска протестираа во Холандија заради воведување на полицискиот час запалиле центар за тестирање на коронавирус во селото Урк и ја гаѓале полицијата со ракети за огномет.

Полицијата денеска соопшти дека казнила повеќе од 3.600 луѓе низ целата земја заради прекршување на полицискиот час, воведен заради спречување на пандемијата и дека уапсила 25 лица од таа причина или заради насилство.

Полицискиот час од 21.00 до 04.30 часот ноќеска беше за прв пат на сила во целата Холандија.

На снимката од приморското село Урк, 80 километри североисточно од Амстердам, се гледа како младите насилно влегуваат во центарот за тестирање на коронавирус, пред да го запалат.

Полицијата и локалните власти денеска остро го осудија насилството, наведувајќи дека демонстрантите „гаѓале со ракети за огномет и камења, уништувале полициски возила и запалиле објект за тестирање“.

„Ова не само што е неприфатливо, туку е и шлаканица, особено за локалните здравствени власти кои во центарот за тестирање прават се што можат за да им помогнат на луѓето од Урк“, наведоа властите.

Фото: EPA-EFE/EROEN JUMELET

Полицијата во Амстердам се подготвува за денешниот протест на плоштадот на кој пред една недела имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот