ФОТО + ВИДЕО| Царовска: Да ја завршиме оваа учебна година па ќе размислуваме за тоа со кој модел ќе ја започнеме следната

Фото Слободен печат/ Драган Митрески

Актуелната учебна година засега е во тек и засега сме фокусирани на начинот на кој таа ќе заврши, изјави министерката за образование и наука на новинарско прашање од ,,Слободен печат”, во врска со тоа дали учениците кон почетокот на следната учебна година би се вратиле во училишните клупи.

04 март 2021 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Министерката посочи дека фокусот е ставен на последните месеци од актуелната, а дополнително ќе се разговара и за тоа како ќе се одвива следната учебна година.

– Кога ќе дојде време ќе размислиме како би било најдобро да се започне следната година, засега сме фокусирани на хибридниот модел по кој се одвива оваа учебна година – заврши Царовска.

04 март 2021 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот