ФОТО/ВИДЕО: Автобусите со луѓе за митингот на Вучиќ го парализираа Белград, настрада полицаец на мотор

Фото: Твитер / принтскрин

Повеќе од две илјади автобуси со симпатизери на владејачката партија на Александар Вучиќ денеска „го освоија“ Белград – откако ги оставиле луѓето во центарот на градот, тие се паркирани на потег од неколку километри во градот, покажуваат снимките објавени на социјалните мрежи.

Фото: @RuicaPei1 / Twitter

На социјалните мрежи исто така беше објавена фотографија од сообраќајна несреќа на која се гледа како автобус дојден за митингот удрил полицаец на мотор на една крстосница во центарот на Белград.

Фото: Твитер / принтскрин

Симпатизерите на Вучиќ во српскиот главен град ги пречека невреме кое попладнево донесе пороен дожд и град, а на снимките објавени на Твитер, може да се види како поголем дел од насобраните го напуштаат митингот додека Вучиќ се обраќаше од говорницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот