ФОТО | Велосипедско дефиле на улиците во Скопје

Ден без автомобили
Дефилето почна од паркот „Ибни Пајко" и се движеше низ градските улици до целта на Школката во Градскиот парк, каде што се одржа лотарија и музички хепенинг / Фото: МИА

По повод Денот без автомобили – 22 септември, но и крајот на Европската недела на мобилност, граѓаните денеска се приклучија на големото велосипедско дефиле кое се одржа на улиците во Скопје.

Дефилето почна од паркот „Ибни Пајко” и се движеше низ градските улици до целта на Школката во Градскиот парк, каде што се одржа лотарија и музички хепенинг. На дефилето учествуваше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

– Градот Скопје годинава по 11.пат се придружи на градовите кои ја одбележуваат Европската недела на мобилноста со богата агенда исполнета со квалитетни содржини за промоција на пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот превоз како одржливи форми на урбана мобилност, соопштија од Градот.

Како што информираат градските власти, во рамки на оваа недела се организираа низа настани. Се одржаа повеќе онлајн работилници со ученици од основното и средното образование за промоција на мерките за постигнување на одржливата урбана мобилност, а се организираа и повеќе активности за промоција на развојот на мрежата на велосипедски и пешачки патеки во градот која се зголемува во просек за околу 14 километри годишно, со што велосипедската мрежа во Скопје годинава надмина 110 километри.

Темата на Европската недела на мобилност е „Безбедно и здраво со одржлива мобилност”, а во нејзиното одбележување се вклучија над 2.700 градови од над 50 држави од Европа и од светот.

Годинешната кампања организирана под мотото „Движи се одржливо, остани здрав” има цел да оддаде почит на справувањето со пандемијата со КОВИД-19 и да фрли едно поинакво светло на можностите кои произлегоа од оваа досега невидена здравствена криза.

Фото: МИА
Фото: МИА
Фото: МИА
Фото: МИА
Фото: МИА

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот