ФОТО | Вакво нешто не е видено во историјата на црвените теписи! Најславната старлета во најскандалозно издание на Мет Гала

Фото: Профимедиа

Најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан (40), не престанува да ја изненадува публиката со својот целосно моден пресврт, а најголемото изненадување го зачувала за најголемиот моден настан на светот Мет Гала.

Целосно скриена од глава до пети, вклучително и лицето, Ким повторно ја изненади публиката во креацијата на Демна Гвасали, креативниот директор на „Баленсијага“.

Порталот ТМЗ наведува дека Канје Вест бил оној што ја охрабрил Ким да се појави во такво издание со цел да ги „помести границите“, што и го направила, бидејќи целата цел на ваквите настани е славните ѕвезди да се покажат во што е можно подобро издание. Ким се одлучила за контроверзен потег и на црвениот тепих се сокрила од глава до пети. Ова издание навистина никогаш не е видено на слични настани.

Kim Kardašijan, Met Gala 2021

Фото: Профимедиа

Фустанот ги истакна линиите на нејзиното тело, бидејќи бил „залепен“ за телоти, а маската ги оддавала контурите на нејзиното лице, но ништо друго не можело да се види.

Само долгата црна коса излегуваше под маската што го покривала лицето, вратот, рамената, деколтето…

Со ова, Ким Кардашијан доби нешто што го немаше долго време – анонимност. Ако нејзината силуета не беше добро позната низ целиот свет, никој не би ни знаел дека тоа е Ким Кардашијан.

За да излезе на црвениот тепих, Ким ја предводеле четири лица што и го покажувале патот, бидејќи не гледала ништо.

Kim Kardašijan, Met Gala 2021

Фото: Профимедиа

Додека модните експерти со воодушевување аплаудираа на нејзиниот изглед, велејќи дека ова е толку иновативно, свежо и модерно, од друга страна, коментарите на публиката беа поделени. Некои рекоа дека нејзиниот изглед е скандалозен, дека сето тоа изгледа „болно“, дека потсетува на бурка…

Kim Kardašijan, Met Gala 2021

Фото: Профимедиа

На крајот на вечерта, Ким се пресоблекла во комбинација во која може да дише, но очите ги покрила со големи очила во форма на маска.

Kim Kardašijan, Met Gala 2021

Фото: Профимедиа

Иако старлетата со ова издание како да сакала да каже дека посакува малку анонимност и приватност, сепак, пораката е јасна – Ким сака секогаш да шокира и да биде главна ѕвезда каде и да се појави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот