ФОТО | Ужива во љубовта: Били Ајлиш фатена како страсно се бакнува со 11 години постар музичар

Откако пред неколку дена се појавија снимките на пејачката Били Ајлиш (20) и пејачот Џеси Радерфорд (31), главниот вокал на „Neighbourhood“, фатени за рака и бакнувајќи се јавно ги „потврдија“ гласините.
View this post on Instagram
Били и Џеси во вторникот вечерта излегле на вечера во Лос Анџелес, а на пат кон ресторанот се бакнале, а папараците ги уловиле.
Били изгледаше посреќно од кога било додека одеше до нејзиниот автомобил со Радерфорд. Двојката застана неколку пати за да се бакнат пред да стигнат до автомобилот.
Ајлиш беше стилизирана во нејзиниот вообичаен стил, облечена во преголема јакна, која ја комбинираше со екстра широки панталони и карирани патики „Converse“.
Џеси исто така беше лежерно облечен во темно сина кошула со долги ракави, маица со бели риги, сиви панталони и едноставни бели патики.
View this post on Instagram
Ова беше нивна втора средба за многу кратко време. Само неколку дена претходно, двајцата беа видени како уживаат јадејќи тестенини во друг ресторанот.
Гласините за нивната романса започнаа минатата недела кога некој објави видео на „ТикТок“ од младата пејачка како излегува од „Куќата на ужасите“ во еден забавен парк држејќи се за рака со Џеси.