ФОТО | Уште 10 дена до ЕП – УЕФА прашува, кој ја носи „десетката“ за Македонија?

фото: ФФМ

Европската фудбалска куќа веќе ги брои деновите до стартот на Европското првенство кое официјално ќе стартува на 11 јуни.

УЕФА денеска на социјалните мрежи објави дека остануваат уште 10 дена до почетокот на континенталниот собир кој ќе се организира во 11 градови ширум Европа.

Македонската А репрезентација денеска ќе го игра првиот контролен натпревар во главниот град против словенечката селекција.

УЕФА со прашање до фановите, кој ја носи „десетката“ во македонската репрезентација?

Тоа е Горан Пандев кој придонесе многу со своите игри, голови за успесите на нашата А селекција, а се надеваме дека така ќе биде и следниот месец. Нашиот капитен има досега 117 настапи и 37 голови за сениорската репрезентација..

Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот