ФОТО: Учениците од Будимпешта им се приклучија на наставниците во протестот за повисоки плати

Фото Твитер/ Viktória Serdült

Илјадници основци и средношколци, наставници и родители протестираа денеска во центарот на Будимпешта во знак на поддршка на просветните работници кои бараат повисоки плати и на оние кои беа отпуштени поради учество во протестите, пренесува Ројтерс.

Професорите скандираа „Сакаме да предаваме“ и повикаа на граѓанска непослушност во борбата за повисоки плати, ангажирање на доволно наставници и право на штрајк.

Денеска синдикатите повикаа на штрајк на наставниците низ Унгарија.

Унгарската влада го ограничи правото на штрајк откако професорите протестираа во јануари годинава. Минатата недела неколку професори беа отпуштени од средно училиште во Будимпешта поради учество на протестот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот