ФОТО | Убавиците на Дафина: Делчево мириса на цветен парфем поради ова дворче

Фото: Приватна архива

Денес наша соговорничка е госпоѓа Ѓоргиева Христева Дафина, по професија, како што вели, работничка. Дека Дафина е супервредна работничка се отсликува и на нејзиното дворче. 

Дворот се наоѓа во Делчево и веруваме дека градот, благодарение на овие прекрасни цвеќиња, мириса на цветен парфем.

– СО ОДЛЕГУВАЊЕ НА ЦВЕЌЕ СЕ ЗАНИМАВАМ ОД МАЛИ НОЗЕ. ТАТКО МИ, ПОКОЕН, БЕШЕ ГОЛЕМ ЉУБИТЕЛ НА ЦВЕЌИНА И ОД НЕГО ЈА НАСЛЕДИВ СТРАСТА КОН НЕГАТА НА УБАВ ДВОР. ЛИЧНО ЈАС ГО ОДГЛЕДУВАМ ДВОРОТ, СО МАЛА ПОМОШ ОД СОПРУГОТ, НИ РАСКАЖУВА ДАФИНА.

Дафина вели дека нејзиниот двор не е голем, но доколку би имала поголем двор, би имала уште повеќе цвеќиња! Но, ако „фрлите“ поглед на нејзината „колекција“ од цвеќе, просто ќе се зачудите дали воопшто може од ова да се има повеќе. Ние, останавме без здив!

– Сите цвеќиња се прекрасни, штом се вратам од работа сосема им се посветувам на моите цвеќиња. Имам над 150 китки, ги сакам и сарделите, некои цвеќиња ги чувам дома, други во подрумската просторија која е соодветно осветлена, објаснува Дафина. 

Инаку, Дафина е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО… група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Браво за Дафина! Во продолжение погледнете ја фотогалеријата од нејзините убавици…

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот