ФОТО | Тврдеше дека неговиот дом е проколнат: Пејачот конечно го продаде луксузниот имот на кој се случувале морничави работи

Фото: Профимедиа

Пејачот јавно зборуваше за тоа дека во неговиот дом се случуваат многу чудни и мистични работи, а дури по две години успеа да го продаде импозантниот имот и куќата.

Музичарот и поранешен член на бендот „One Direction“, Лијам Пејн, конечно успеал да се ослободи од својот имот во Санта Моника, две години откако за прв пат започна да се обидува да најде купувач.

Фото: Профимедиа

Како што пишуваат странските медиуми, тој го продал комплексот за повеќе од 10 милиони долари, во чии рамки се наоѓаше и голема површина на лозје, соба за медитација, библиотека, водопад… Сепак, и покрај целиот луксуз, тоа што сигурно му одмогнало во продавањето се неговите јавни тврдења дека живее во проколната куќа.

Фото: Профимедиа

Тој уште во 2017 година изјави дека на неговата мајка на улицата и пришла непозната жена за да ја предупреди за духот од претходниот сопственик кој се уште го опседнува имотот.

Фото: Профимедиа

Тој живеше на овој имот со поранешната партнерка Шерил Кол, додека таа беше бремена и го очекуваше нивниот прв син Беар.

Фото: Профимедиа

„Шерил не сакаше да остане сама во собата на катот. Видов како светлата се палат и гасат сами во текот на ноќта, а постоеа и морничави моменти во кои водата од чешмите започнуваше сама да тече“, раскажа тогаш Лијам.

Фото: Профимедиа

Во близина на овој имот се и домовите на Мајли Сајрус, Кардашијан и др. Се уште не е познато кој е новиот сопственик на овој имот со малку чудна репутација.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот