ФОТО | Tрогателна прегратка: Алек Болдвин го тешеше сопругот на починатата Халина Хачинс

Aлек Болдвин
Алек Болдвин/Printscreen/Twitter

Актерот Алек Болдвин се сретна со сопругот и синот на снимателката Халина Хачинс, која почина на сетот на филмот „Р’ѓа“, пренесува „Sun“.

Викендов, Болдвин беше затекнат во близина на хотелот во Ново Мексико каде престојуваше ужалениот сопруг на Халина Метју и нивниот деветогодишен син Андрос. На фотографиите кои се проширија на социјалните мрежи, тој силно го гушка сопругот на починатата Халина.

Таткото на трагично загинатата, Анатолиј Андросович даде изјава за Sun:

„Андрос беше исклучително поврзан со својата мајка и откако дозна дека таа е почината, тој не изустува ни збор.“

Халина Хачинс со синот
Халина Хачинс / Фото: Скриншот, Твитер

Во изјавата тој вели дека не го обвинува Болдвин за смртта на својата ќерка, туку личноста која била одговорна за реквизитите на сетот.

Сопругот на Халина, Метју бил особено загрижен за момчето кое се повлекло во себе овие денови поради сознанието за ужасната вест. Тој се трудел да извлече некаков збор од него, но, за жал, неуспешно…

Таткото Анатолиј додава:

„Оваа трагедија уништи прекрасно семејство.“

Според медиумите, Алек Болдвин наводно бил „хистеричен и неутешен со часови“, откако случајно ја застрела и уби снимателката Халина Хачинс на филмскиот сет на филмот „Р’ѓа“ во четвртокот попладне.
Изворот тврди дека тој сега ги откажува сите свои проекти.

ВИДЕО | Андоновиќ: Во бизарна филмска сцена убиена актерка од страна на својот колега – во реквизитерскиот пиштол имало вистински куршуми

Алек Болдвин се огласи за првпат по трагедијата: Срцето ми е скршено

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот