ФОТО | Тревис Баркер, сопругот на Кортни Кардашијан беше итно хоспитализиран

Венчавката на Кортни Кардашијан и Тревис Баркер, Фото: Instagram

Тревис Баркер беше итно пренесен во болница во вторникот попладне со сопругата Кортни Кардашијан покрај него, пренесува „TMZ“.

Баркер (46) беше фотографиран како лежи на носилка надвор од медицинскиот центар „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес, Калифорнија, додека Кортни ја следеше пеш.

Музичарот бил виден пред брзата помош додека ја држел десната рака нагоре, на која е прикажана неговата непогрешлива тетоважа на череп. Кардашијан се гледа само одзади. Таа е во целосно црн ансамбл и има качулка над главата. Безбедносниот тим на реалити ѕвездата внимателно го следело возилото со црн „ренџ ровер“, додека не пристигнале во болницата.

Неколку минути откако веста се прошири 16-годишната ќерка на Баркер, Алабама, на својот инстаграм-профил напиша: „Ве молиме испратете ги вашите молитви“.

фото: Instagram Story

Младенците прво пристигнале во болницата и медицинскиот центар „Вест Хилс“ во вторникот наутро поради некаков здравствен проблем со кој се соочувал Баркер. Медицинскиот персонал во „Вест Хилс“ почувствувал дека музичарот има потреба од дополнителна нега, па затоа итно бил префрлен во „Седарс-Синај“.

Во 10:45 часот по локално време – навидум среде неговата медицинска помош рокерот напиша на Твитер: „Боже спаси ме“. Иако така се вика неговата песна со Машин Ган Кели, тајмингот на твитот е морничав.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот