ФОТО: Трансферот не е потврден, но Обамејанг веќе тренира со Барса

Пјер-Емерик Обамејанг е новиот напаѓач на Барселона/Фото: EPA-EFE/Andrew Couldridge

Пјер-Емерик Обамејанг денеска го одработи првиот тренинг со Барселона, иако трансферот сè уште не е потврден.

Интернационалецот од Габон вчера пристигна во Барселона, успешно ги мина лекарските договори и го потпиша договорот непосредно пред истекот на зимскиот преоден рок.

Но, каталонскиот гигант сè уште го нема официјализирано неговиот трансфер бидејќи чекаат „Ла Лига“ да ја разгледа целата документација и да ја одобри регистрацијата на играчот.

Пристигна во Барса како слободен играч бидејќи Арсенал се согласи да ја прекине соработката, а сега се чека само официјална потврда дека тој е новиот фудбалер на клубот од „Камп Ноу“.

Тој веќе е со своите нови тимски колеги, на една од фотографиите се гледа како тренира покрај Усман Дембеле кој иако се шпекулираше дека ќе се пресели во друг клуб, тоа не се случи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот