ФОТО | Трагичната судбина на Бјорн Андресен: Убавината го однела во депресија и алкохолизам

Бјорн Андресен
Фото: Instagram

Жив доказ дека убавината може да биде проклетство е момчето чие детство го украл опасно манипулативниот филмски режисер.

Познатиот филмски режисер Лукино Висконти го барал „совршениот убавец“ во седумдесеттите години за да глуми во неговиот филм „Смрт во Венеција“. Кандидатот морал да има толку восхитувачки изглед за да може публиката да поверува дека само неговата убавина ќе биде доволна за да го одвлече вниманието од Дирк Богард, болен и стар композитор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nathan Nguyen (@nathanrino88)


Како Давид на Микеланџело

Но, Висконти не барал жена, туку адолесцент. Она што го барал, го пронашол кај 15-годишниот Швеѓанец Бјорн Андресен, кој го глумеше момчето во морнарски костум по име Таџио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @nymphaeafairy


Една година подоцна, во Лондон, на светската премиера на филмот пред кралицата Елизабета и принцезата Ана, Висконти го прогласи Андресен за „најубавото момче на светот“, зачудувачки наслов што ги натерало некои филмски критичари ова русокосо момче со вонземна убавина да го стават на исто ниво со Давид на Микеланџело.


Преку ноќ станал суперѕвезда, но неговата слава наскоро станала „кошмар“ што го прогонувал цел живот. Забелешката на Висконти за „најубавото момче“ можеби, пред сѐ, била маркетиншки трик, но со децении тоа бил камен на грбот на Андресен.


Сексуален објект

Како што открива новиот документарец „Најубавото момче на светот“, кој опишува длабоко трагичен живот, Андресен би бил многу посреќен доколку никогаш не го запознал Висконти, кого го опишува како „културен предатор“, кој цинично ги експлоатирал и објективирал неговата младост и изглед. Документарецот отвора вознемирувачки прашања за етиката на снимањето на филмот, кој стана култен хомосексуален филм. Богард бил отворено хомосексуалец, како и Висконти, кој рекол дека меѓу неговите машки љубовници се италијанскиот режисер Франко Зефирели и Умберто Втори, последниот италијански крал.


Тој имал 63 години кога го снимил „Смрт во Венеција“ (според романот на германскиот писател Томас Ман, исто така хомосексуалец) со претежно хомосексуална екипа. Но, Андресен не бил хомосексуалец – па дури и да бил, тој имал само 15 години на аудицијата. Премногу млад, вели тој, бил претворен во сексуален објект, а Висконти го носел во хомосексуални ноќни клубови и подоцна станал трофеј за богатите парижани, кои го опсипувале со подароци и со скапи вечери за да можат со него наоколу да парадираат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mauro (@solothurn77)


Да бидат работите уште полоши, Андресен бил сирак, срамежливо дете, чија баба станала зависна од неговата слава. Поминал години во борба со алкохолизмот и депресијата, а Андресен и денес е проблематична душа. Сега живее сам во мизерен стан, пали цигара по цигара, се кара и постојано раскинува и повторно се смирува со девојката и влегува во неволји со станодавецот.


Еден период исчезнал од јавноста, па некои мислеле дека е мртов, сѐ додека не се појавил во 2003 година кога негова фотографија била користена за илустрација на една книга. Андресен јавно се пожалил дека никогаш не дал дозвола за тоа. И понатаму страда од депресија. Ако некогаш постоел жив доказ дека убавината може да биде проклетство, тоа е животната приказна на Бјорн Андресен.

Видео на денот