ФОТО | Трагедија во Венецуела: Мајка ги спасила своите две деца по бродолом пиејќи урина и доејќи ги четири дена – пред конечно да умре

Спасените деца по бродоломот / Фото: Твитер

Мајка ги спасила своите две деца по бродолом, доејќи ги четири дена, додека пиела урина – пред конечно да умре.

40-годишната Мариели Чакон ги одржуваше во живот Хозе Дејвид и Марија Беатриз Камблор Чакон, откако нивниот брод беше уништен од бран по патувањето на островот во Атлантскиот Океан.

Венецуелката ја испила сопствената урина, така што имала енергија да ги дои шестгодишното и двегодишното дете додека лебделе на остатоците на 70 километри од брегот.

Спасувачите ги пронашле децата како го држат телото на мајката на остатоците од бродот и итно биле пренесени во болница со дехидрација и изгореници од прв степен.

Мајката и нејзините деца биле на бродот со нивната дадилка – која исто така преживеала криејќи се во фрижидер за да се сокрие од топлината.

Но, пет други – вклучувајќи го и сопругот на Чакон – се уште се водат како исчезнати.

Деветчлениот екипаж замина од Игуероте во Венецуела за ненаселениот карипски остров Ла Тортуга на 3 септември на бродот Тор де Игуероте.

Официјалните лица потврдија дека Чакон, која починала од откажување на органите предизвикана од дехидрација, ги одржувала своите деца во живот пиејќи ја сопствената урина за да може да ги дои.

Нејзиниот погреб беше во саботата, откако официјалните лица рекоа дека нејзините деца ќе живеат и покрај тоа што страдаат од физички повреди.

Потрагата продолжува по исчезнатите пет лица, иако надежите дека ќе ги пронајдат живи брзо избледуваат.

Извор: Dailymail

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот